x

Србинките со нови Ковид-проблеми, ЕХФ го одложи дуелот со Холандија

ehf

Српската женска ракометна репрезентација се соочува со проблеми. На првиот тест една ракометарка била позитивна на Ковид-19, таа е пратена во изолација, како и останатите членови на тимот.

ЕХФ веднаш го одложи дуелот со Холандија кој беше закажан за денеска во рамките на групата Ц.

Според информациите Србинките ќе напарават нови тестирања во текот на денешниот ден, по што ќе биде познато дали има нови случаи и каков ќе биде текот на ЕП.

За потсетување пристигнувањето на репрезентацијата во Данска беше одложено исто поради Ковид-19.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата