Изгласувањето на доверба за селекторот на македонската репрезентација Драган Канатларовски, на завчерашниот состанок на Управниот одбор на ФФМ минало без противења. Но, првите луѓе на нашиот фудбал, му оставиле на популарниот Цапар, сепак, да одлучи за казната која му следува на стручниот штаб и репрезентативците, по поразот од Андора (0:1). “Срамот што го доживеавме, не го мие никаква казна!”, дециден е Канатларовски и додава “Сега-засега нема да има некакви санкции, бидеј- ќи мислам дека е доволно тоа што јавноста не исплука”. Сепак, според селекторот на “црвено-жолтите”, бламажата на малата планинска држава под Пиреинеите, нема да мине само така: “Кога ќе дојдат репрезентативците на собирот пред средбата со Чешка Р., ќе одржиме еден подолг состанок. Комплетно ќе си кажеме, ние како стручени штаб и игра- чите, што се случи во Андора Ла Вела. Потоа ќе излеземе со предлог за парични казни. Во секој слу- чај ќе има ‘финансиско олеснување’, бидејќи јас најпрво себе си ќе се ‘удрам по џебот'”, образло- жува Цапар. (Б.Н.)