x

Срамно од Грилиш: Ги советуваше граѓаните да седат дома, а тој излезе надвор да се види со другарот

Поради страв од ширење на корона вирусот во Обединетото Кралство клубовите ги испратија своите фудбалери во карантин и да ги напуштаат домовите само ако е итно. Но некои фудбалери не ги почитуваат правилата. Па така капитенот на Астон Вила Џек Грилиш направи глупост минатата недела.

Прво објави видео на кое ги повикува граѓаните да седат дома во изолација и да се заштитат себе си и другите од опасниот вирус. А неколку часа подоцна тој избегал од дома, за да отиде кај другар му. На патот направил сообраќајна несреќа.

Астон Вила изрази разочарување од потегот на Грилиш и соопшти дека капитенот ќе биде казнет, а парите ќе отидат во хуманитарни цели.

Денеска Грилиш преку видео порака се извини за глупоста што ја направил и дека се чувствува посрамотен и ги замоли сограѓаните да не направат глупост како него.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата