Руските безбедносни служби уапсиле група терористи кои имале намера да извршат напад на учесниците во “Бесмртниот марш” во Москва на 9 мај, изјавил заменик министерот на надворешни работи на русија Олег Сирмолотов.

Како што рекол, уапсени се истовремено повеќе групи кои сакале да подметнат бомби.

“Уапсени се неколку групи кои планирале напад на “Бесмртниот марш”. Тие веќе имале подготвено оружје за оваа акција. Изведени се 17 рации и уапсени се 20 лица”, ркол тој.

Инаку, на чело на “Бесмртниот марш” во Москва се наоѓале претседателот Владимир Путин, претседателот на Србија Александар Вичиќ и изреалскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во маршот учествувале повеќе од милион луѓе кои носеле фотографии на своите претци настрадани во Втората светска вијна.