Полициските кучиња во близина на катна гаража открија минибус полн со експлозив, кое најверојатно требало да го дигне во воздух објектот. “Полицијата спречи веројатна катастрофа”, изјави гувернерот за медиумите во Анкара. На местото каде е откриен минибусот веднаш дошле струњаци за експлозиви, целиот реон бил обезбеден, а околните куќи евакуирани. Гувернерот на Анкара на новинарите им соопшти дека минибусот имал фалсификувани регистерски таблички.