x

Спортското лудило на МТВ 3 ќе стартува ЛШ 2017 и полуфиналето меѓу Вардар- Барселона

Во време на коронавирус стигна одлична вест за зависниците од спортот. Од денеска стартува третиот канал на МТВ, кој покрај спорт ќе има филмска и забавна содржина.

Богатиот викенд ќе почне со полуфиналниот дуел меѓу Вардар и Барселона од фајнл-фор завршницата во 2017 година, кога македонскиот тим го покори каталонскиот гигант и таа година се искачи на тронот на Европа.

Понудата за денеска е интересна, уживајте во ваквите натпревари, кои дефинитивно ни се потребни во време на монотонија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата