x

Спортски гафови, киксови и шеги кои ја одбележаа 2019 година

НАВИВАЧ НА ПОРТО ЈА ЗБУНИ УЕФА

УЕФА го стави на тапет па го ослободи од вина Порто откако еден навивач призна дека тоа што навивачите извикувале „мајмуне…“ се однесувало за него, а не за црните фудбалери на теренот.

„Сите во Португалија ме знаат како Мајмун. Тоа ми е прекарот. Ова е голема грешка на УЕФА“, изјави навивачот.

УЕФА не го казни Порто.

РИБЕРИ ПЦУЕШЕ ПО СИТЕ ХЕЈТЕРИ

Франк Рибери збесна во јануари откако доби сериозни критики поради видеото како јаде позлатен стек.

„За оние љубоморните, хејтерите, оние што се родени поради пробушен кондом: да ви ги е**м мајките, бабите и сите во фамилија. Нема што да ви се правдам. Ништо не ви должам“, грмна Рибери.

ТОМИЌ КОНТРА ВИМБЛДОН

Бернард Томиќ беше казнет затоа што не се обидел да го одигра мечот на Вимблдон. Томиќ испрати жалба и си ги побара своите 45.000 фунти како награда за учество иако испадна од турнирот после само 58 минути игра. Организаторите му рекоа „НЕ“.

„Тие се зафркаваат со мене. Не ми требаат парите, туку тоа што го направија не е во ред“.

ЈОГА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ТЕПАЧКА

Фулам реши да ги однесе фудбалерите на јога со цел да тие да го најдат внатрешниот мир и да ја повратат формата, но сесијата се претвори во физичка пресметка. Абубакар Камара и Александар Митровиќ се пресметаа, а соиграчите ги разделуваа. Србинот се пожали дека „Абу почнал да зборува кога требало сите да молчат“.

Стоилов е цар: Не знам зошто го одбрав дресот со број 5, најверојатно оти немав многу петки во училиште (ВИДЕО)

Бен Арфа: Клуб треба да биде како жена, ако не те возбудува, не ти треба

ПРОТЕСТОТ НА ФЕТЕЛ

Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада откако најголемиот ривал Себастијан Фетел беше казнет со пет секунди. Десет круга пред крајот Фетел беше казнет од судиите поради опасно излегување на патеката токму пред конкурентот Хамилтон. По трката Фетел излезе од болидот и одби да отиде на подиумот каде се делат наградите, туку отиде кај болидите и ги смени знаците 1 и 2. Бројот 2 го премести на болидот на Хамилтон, а единицата си ја стави кај својот болид.

ЗАВОДНИК НА ГОДИНАТА

Хулк се развел од сопругата и ја завел нејзината внука

МАРАДОНА И СЕ Е МОЖНО

Марадона: Еднаш ме немаше три дена, ме „киднапираа“ вонземјани

ГАСПЕРИНИ ГО ПРОСЛАВУВА ПЛАСМАНОТ НА АТАЛАНТА ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛШ

Танцот на Гасперини – ХИТ на интернет (видео)

НЕВКУСНА ШЕГА НА РОНАЛДО

Ненамерно но Роналдо со постот на Твитер предизвика негативни реакции.  Селфи во приватниот авион и тоа истиот ден кога беше казнет со 16.6 милиони фунти за неплатени даноци и после падот на авионот и загинувањето на Емилијано Сала.

СИ ИМА СИ МОЖЕ

ИНТЕРЕСНО ВИДЕО ОД РИЈАД: Шеикот ги викна Меси, Агуеро, Дибала… за да гледаат Алмерија-Елче

ВАР ФИЈАСКО

Го исклучил ВАР системот на стадионот затоа што сакал да си го наполни мобилниот

ВАР ФИЈАСКО 2

На мечот Ница – Тулуз немаше ВАР – глувци ги изеле каблите!

ЛУДИОТ КИРИОС

НОВА ГЛУПОСТ НА КИРИОС: Чекаа одговор, а тој си отвори пивце и си го „дрмна“ на екс (видео)

ИДИОТСКА ИЗЈАВА НА НЕШАМ

Рагбистот на Нов Зеланд Џими Нешам после поразот од Англија на СП изјави: „Деца, не се занимавајте со спорт. Одете работете како пекари и слично. Умрете на 60 години, дебели и среќни“.

ЧЕФЕРИН КОНТРА ВАР

Чеферин: ВАР е катастрофа, ако имате голем нос ќе ви досудат офсајд

ЗОШТО ПЛИШКОВА НЕ СЕ ВОЗИ ВО МЕТРО?

Не сум фан на метроата. Имаме во Чешла но никогаш не сум се возела. Таму има чудни луѓе“, изјави тенисерката Каролина Плишкова на УС Опен и исто така призна дека не го користи њујоршкото метро како начин на превоз.

МУРИЊО СЕ ИСПРУЖИ НА МРАЗОТ

Португалскиот тренер Жозе Мурињо присуствуваше на меч од континенталната хокеарска лига во Русија. Како гостин се појави на мразот, се лизна и се испружи предизвикувајќи смеа на трибините.

КОГА СУДИИТЕ НЕ ГЛЕДААТ ТУКА Е ТЕЛЕФОНОТ КАКО ДОКАЗ

„Од авион се гледа дека ова е аут, а судиите не го видоа ни со ВАР“

КОГА ОДИШ НА БОРЕЊЕ СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Португалскиот џудист со ерменски корени Анри Егутидзе предизвика смеа на социјалните мрежи откако на турнир во мај беше дисквалификуван бидејќи за време на борбата му испадна мобилниот телефон.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата