x

„СПОРТМЕДИА“ дознава: ФФМ ќе бара одложување на мечот со Косово!

Фудбалската федерација на Македонија, неофицијално, ќе побара одложување на натпреварот со Косово, дознава „Спортмедиа“.

Не само поради тоа што ќе се игра пред празни трибини, туку и поради тоа што тројца фудбалери доаѓаат од најголемото жариште во Европа, од Италија, но и спорен е Спировски кој што ќе треба да мине 14-дневен карантин во Израел ако сака да излезе од земјата.

Се очекува на ова барање да се има поддршка и од федерацијата на Косово, затоа што и тие имаат неколку играчи кои настапуват во Калчото.

Ситуацијата е премногу тешка, Пандев, Несторовски и Елмас доаѓаат од подрачје кое вчера беше ставено под карантин. Владата денеска соопшти дека сите кои доаѓаат од ризичните подрачја, ќе мора да минат 14 дневен карантин. Тоа би значело дека тројцата нема да можат да прават ништо две недели.

ФФМ барањето ќе го испрати денеска или утре, а УЕФА потоа ќе го има последниот збор.

Доколку наиде на одборување, тогаш мечот би се играл крај на мај, односно непосредно пред почетокот на ЕУ, и би бил како загревање за Европското првенство.

Парите од билетите за овој меч ќе им бидат вратени на гледачите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата