x

Спортистите во Босна бараат ребаланс на буџетот за да се спасат

Најуспешните спортисти од Босна и Херцеговина како што се Амел Тука, Лариса Цекиќ, Дамир Џумхур, Месут Пезер, Хамза Аџиќ, Лејла Тановиќ и многу други побараа од властите на својата земја, финансирањето на спортот периодов да се осигура со ребаланс на буџетот за да се спречи неговот целосно пропаѓање.

Спортистите севкупно во оваа земја се силно разочарани од индолентниот однос на властите во овој многу тежок период кон нив, и тоа јавно го кажаа.

„За нас спортистите на големо се говори кога ќе направиме некој успех. А по еден месец од тој настан веќе никој не се сеќава на нас. Мора сите оние кои се компетентни по ова прашање, политичарите, но и бившите спортисти под итно да се зафатат со реѓавање на ова прашање“ – вели светскиот вице шампион на 800 метри, атлетичарот Амел Тука.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата