x

Според Форбс: Меси и Роналдо на врвот на листата на најплатени фудбалери во 2020!

mesi-i-ronaldo-donacija

Ни тешката криза во светот, предизвикана од Ковид-19, не им наштите на најпознатите фудбалери во светот да си ги заработат своите милиони евра. Па така познатиот Форбс објави листа на најплетените десет фудбалери во светот за оваа, на изминување, 2020 година.

На врвот е Лео Меси, а кој би бил друг со неверојатни 103 милиони евра приходи. Тука се смета платата од Барселона, но и сите останати спонзорски договори на годишни ниво.

На второ место е Кристијано Роналдо со 95 милиони евра, додека следува двоецот на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе.

Кога сме кај Меси и Роналдо, тие се едни од ретките спортисти во светот кој во својата кариера заработиле повеќе од милијарда евра.

Инаку интересно е тоа што најдобриот фудбалер во светот за оваа година, Роберт Левандовски е на деветото место по приходите за оваа година.

ТАБЕЛА

1.ЛЕО МЕСИ 103.000.000 евра

2.КРИСТИЈАНО РОНАЛДО 95.000.000

3.НЕЈМАР 78.000.000

4.КИЛИЈАН МБАПЕ 34.000.000

5.МОХАМЕД САЛАХ 30.000.000

6.ПОЛ ПОГБА 28.000.000

7.АНТОАН ГРИЗМАН 27.000.000

8.ГЕРЕТ БЕЈЛ 24.000.000

9.РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ 22.850.000

10.ДАВИД ДЕ ХЕА 22.000.000

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата