x

Според “САН“: Богатите набргу ќе формираат европска Супер Лига, ФИФА и УЕФА се “тресат“!?

Англискиот “САН“ пушти “БОМБА“. Имено како што објавува овој весник, најбогатите европски клубови, а тоа кризата со Ковид-19 само ги забрза нивните планови, имаат намера многу бргу, и тоа побргу од очекувањата, да формираат европска Супер лига. Во нејзе ќе се најдат само гигантските клубови, а се знае кои се тие. Лигата ќе брои 20 или 22 клубови, нема да играат во домашните шампионати, и нема да играат во европските натпреварувања.

Тоа ќе биде Супер лига од “затворен“ тип, и нема да има искачање или влегување, туку само ако некој клуб се откаже, тогаш друг може да добие вајлд – карта.

Се напоменува дека богати финансиери од Катар, С. Арабија, ОАЕ, САД, потоа Кина, Европа и тоа како имале намера да финансиираат милијарди евра на овој проект. 

Секако дека ова на ФИФА а посебно на УЕФА никако нема да им се допадне. Имено тие, онака неформално, се заканиле дека играчите кои ќе играат во таква Супер лига не ќе можат да играат на ЕП и СП. Навистина интересно!

Какви ли ќе бидат тие првенства без Меси, Роналдо, Мбапе, Нејмар и останатите мега – ѕвезди на светскиот фудбал.

Тоа значи дека сите планови на УЕФА за новата Лига на Шампиони, ќе доживее крах? 

Секако, останува да се види.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата