x

Според Пливачката федерација, Маленко условно е осуден на затворска казна, тој жестоко демантира!

malenko-slika

Според Националната пливачка федерација, како што  стои во дописот до медиумите, Александар  Маленко бил условно осуден на затворска казна во траење од три месеци поради фалсификување на исправи.

Од друга страна Маленко пак жестоко демантира.

Во продолжение ги објавуваме и двете соопштенија:

Националната пливачка федерација ја известува пошироката јавност дека Основниот Кривичен Суд Скопје како првостепен кривичен суд,преку судијата Александра Ристеска како судија поединец,постапувајќи по предлог за издавање казнен налог на Основното јавно обвинителство Скопје,XVI КО бр.2141/19 од 01.06.2020 година,против обвинетиот Александар Маленко од Охрид,за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправи од чл.379 ст.1 т.4 в.в со чл.378 ст.1 од Кривичениот законик го прифаќа предлогот за издавање на казнен налог. Воедно подоле во известувањето ви ги доставуваме сите одлуки на Судот каде што се гледа дека на обвинетиот Александар Маленко му се утврдува казна затвор во траење од 3 месеци,но судот истовремено одредува дека доколку истата нема да се изврши доколку истата не ја прекрши во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Во вчерашното известување од Обвинетиот,истито продолжува да ја прекршува одлуката на судото за што сите органи на прогонот ќе бидат известени. Воедно како доказ за негово лажно претставување како Претседател на непостоечки субјект беше и Изборното Собрание на Македонскиот Олимписки Комитет кој се одржа на 22.10.2020 во Хотелот Александар Палас. Воедно сакаме да ја запознаеме пошироката јавност дека правниот субјект за кој обвинетиот лажно се претставува за претседател воопшто не постои во Трговскиот регистар и регистар на други правни лица издаден по наше барање на 20.12.2020 за што истото ви го доставуваме како прилог“ се вели во дописот на федерацијата.

Скопје Национална пливачка федерција 04.12.2020

Претседател М-р. Александар Филипчев

МАЛЕНКО: Ова се груби невистина, лаги..

Најостро го демантираме написот (03.12.2020) кој се базира на груби невистини, лаги и клевети кон нашиот претседател- Александар Маленко и нас-Пливачка Федерација на Северна Македонија, како единствена легална институција надлежна во нашата држава и нејзин единствен признат репрезент во светот. Во прилог на нашиот демант ви доставуваме и усвоен приговор (со комплетна документација, писмени докази, како и листа на сведоци и носители на државни функции надлежни за овој спор) од страна на надлежен суд и судија кој е во целост прифатен, а со тоа пресудата е укината. Предметот е вратен во првобитна постапка со главна расправа закажана уредно од страна на судот на 5.02.2021 со почетокот во 9:30, при надлежен суд во судница 8. Основно правило на новинарството е проверка на факти и информации наменети за јавноста за вистината во секоја ситуација и лесно може да се прекрши. Поради тоа искрено посакуваме и се надеваме на ваша објава во целост на овој демант, во тек на денешниот ден“ се вели во соопштението на Маленко.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата