x

Според освоените бодови: Женската репрезентација на 36-тото место во Европа во конкуренција на 47 селекции!

ze-4

Минатата недела нашата женска репрезентација ги заврши кквалификациите за ЕВРО со победа на гости кај Казахстан. Освоени се шест бодови во групата, за првпат во историјата, скор кој беше доволен за 4.место на табелата во Групата Г. За првпат ние не сме последни.

Реков и по натпреварот, јас сум задоволен од овие квалификации. Имавме тешка група, а на крајот со две победи, за првпат во историјата, освоивме шест бодови и за првпат во историјата победивме на гости. Ништо спектакуларно ќе каже некој, но како беше пред извесно време јас сум радосен што ете, работите тргнаа од мрвта точка. Еве според некои статистики, ние според освоените бодови од сите 47 земји учеснички во овие квалификации, сме на 36-тото место. Пред нас со по еден бод повеќе се Хрватска, Израел и Унгарија. Убеден сум дека ова е само почеток на некои убави нешта во нашата женска фудбалска репрезентација. Имаме добар тим и очекувам во наредните квалификации да освоиме повеќе бодови од тие шест“ ни изјави Кирил Изов, селекторот на нашата женска фудбалска репрезентација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата