x

Според најавите на Филипче најмалку уште еден месец без спорт

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на редовната прес-конференција покрај редовните информации околку бројот на заболени лица од коронавирус, даде одговор кога може да очекуваме подобри денови.

Доколку се почитуваат мерките, нормалниот живот може да се врати кон средината на мај. Ова значи дека спорт нема да има најмалку уште еден месец.

„Ние подготвуваме терен, разговараме како ќе се одвива тоа враќање кое би било кон средината на мај, секако доколку не се појави нов пик на коронавирус“, рече Филипче.

Првенствата во Македонија веќе одамна се замрзнати, засега ниту една национална федерација не се огласи што ќе биде понатаму, какви се плановите. Она што е добро познато е дека фудбалскиот шампионат мора да се доигра, ова се наредби кои доаѓаат од УЕФА, за останатите првенства треба да донесат одлука раководството на останатите федерации.

Во голем број земји кошаркарските и ракометните сезони завршија, дел прогласија шампиони, дел не го сторија тоа.

Без разлика кога ќе продолжат првенствата, истите ќе се играат пред празни трибини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата