x

Според ЕХФ: Јотиќ треба да биде новата ѕвезда на Вардар 1961

stp_8828-e1598728773928

Пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, ЕХФ направи анализа на екипите учесници, овој пат издвои десет млади ракометари кои имаат потенцијал да прераснат во ѕвезди.

Во оваа Топ-листа на европската „куќа на ракометот“ се најде новиот член на Вардар 1961, Ловро Јотиќ.

„Ова е петта сезона по ред за Јотиќ во Лигата на шампионите, но тој се уште не е на вистинско ниво. 26-годишниот ракометар во седум сезони смени седум клубови, беше двапати во ППД Загреб, во Алборг, а лани играше за Е.Пелистер. Ќе му биде потребна доза на стабилност за да го трансформира неговиот јасен талент како плејмејкер и да прерасне во сериозен играч во редовите на актуелниот освојувач на ЛШ“, се вели во објаснувањето на ЕХФ за Јотиќ.

Покрај него на листата на ЕХФ на првото место се најде Елоим Пранди (ПСЖ), Емил Нилсен (Нант), Јосип Шарац (Целје), Александар Бонц (Елверум), Луиш Фраде (барселона), Ласе Мелер (Фелнсбург), Диего Силва (Порто) и Феликс Клор (Алборг).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата