Да, споменик за Горан Пандев. Сите знаевме дека е најголемиот, а сега знаеме дека треба да му изградиме и СПОМЕНИК. Тој е нашиот херој, величина, гигант. До донеска беше наш херој, а од вечерва е наше БОЖЕСТВО.
Гранде Пандев, браво, ја израдува Македонија, ги израдува сите во оваа земја која конечно го дочека сонот, фудбалскиот сон. А тоа е пласман на ЕВРО.
Сите вриштат од радост, сите медиуми го величат Пандев. Во соседството со пиетет говорат дека тој ја однесе Македонија на ЕВРО. И имаат право да ни завидуваат дека го имаме ГРАНДЕ ПАНДЕВ.
Ние сме среќни што го имаме во нашата репрезнетација.
Ти благодариме…