Благоја Спиркоски (24), играчот за врска, и во наредната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Прилепчанецот и раководството на битолскиот прволигаш најдоа заеднички јазик и потпишаа продолжување на соработката.
Инаку Спиркоски покрај Пелистер, има играно и за 11 Октомври, Хоризонт Турново, Еуромилк, Македонија ЃП.
По се изгледа на прилепчанецот убаво му е во Битола па нема ништо против и натаму да го носи дресот на Пелистер.