По смртта на нејзиниот сопруг, четириесет и осумгодишната вдовица Гвинет Ли од Лондон започнала да води сосема поинаков живот, да запознае сто мажи и да влезе во љубовни афери.

Повеќе од десет години таа се среќавала со богати мажи кои ги изневерувале своите жени секој ден, а сега, најпознатата сериска љубовница, тврди дека гените се одговорни за неверството.

Гвинет истакнува дека една третина од нејзините љубовници имале родители кои исто така биле неверни, па затоа е убедена дека таканаречениот „ген за неверство“, кој наводно се пренесува од генерација на генерација, е одговорен тоа.

Кога родителите имаат афера, нивните ќерки или синови помалку се плашат од неодобрување на родителите затоа што и самите знаат дека биле неверни.

Тоа распаѓа семејства. Синовите и ќерките на неверните родители помалку се плашат од критика затоа што знаат дека истото го правеле и во минатото. Еден од мажите што го иамв беше добростоен банкар, чија мајка се омажила дури три пати. Тој пораснал со неа гледајќи ја како излегува со разни мажи и тоа секако влијаело на неговото однесување подоцна – објаснува Ли.

– Друг мој љубовник беше момче на возраст од околу триесет години чии родители биле неверни за време на тинејџерските години. Денес тој е оженет и не може да биде верен. Тој ми рече дека идејата да остане со иста жена 50 години му се чинела досадна откако видел колку неговите родители се забавуваат со други луѓе. И неговата сопруга го изневерувала, следејќи го примерот на нејзините родители. Јас би рекла дека мамењето привлекува уште едно мамење, и така двете страни знаат што да очекуваат – додава таа.

Исто така истакна дека во денешно време многу жени се подготвени да влезат во афери. Дури и нејзините пријателки кои споделуваат такви работи со своите мајки го прават тоа.

И бројни студии го потврдуваат мислењето на Гвинет. Студија на страницата за запознавање Illicitencounters.com покажа дека една третина од неверните мажи имаат мајки склони кон прељба, што на некој начин им дава крилја да се однесуваат слободно во врските.

Исто така, беше откриено дека повеќе од 50 проценти од неверните мажи пораснале покрај татковци кои воделе двоен живот и „се фрлиле настрана“.