На 31 мај со почеток во 20.30 часот, во Универзалната сала по вторпат во Скопје ќе гостува Сања Илиќ & Балканика. Настапот, во организација на М&Н агенција, всушност претставува своевидна промоција на најновиот албум насловен како “Балкан концепт”. Како гости на скопскиот концерт уште ќе се настапат и Изет Китзил, перкусионист од Турција, и Теодоси Спасов, виртуоз на кавал од соседна Бугарија, додека меѓу гостите од Македонија на сцената ќе се појават Анастасија Капталова, мецосопран, Хустреф Саид, гудачите од македонската филхармонија и мешовитиот хор на ФМУ од Скопје, како и тетовскиот женски хор Менада. Интересно за овој спектакл е тоа што дел од собраните средства големиот уметник ќе ги искористи како придонес за младата популација во земјава, односно во соработка со Фондацијата “Мобимак за Македонија” тие ќе бидат наменети за реновирање и доопремување на Клиниката за детски болести во Скопје. (А.Т.)