Во Италија од почетокот на пандемијата па се до денес има 18.279 починати, 28.470 излечени, а вкупната бројка на заразени изнесува 143.626 лица од појавата на болеста.

Во последните 24 часа зпочинаа уште 610 лица, благ пораст во однос на претходниот ден (кога починаа 542 лица). Овие податоци укажуваат дека се уште не е започнат постојан пад на заразата.

„Сè уште има голем број смртни случаи, а во десет региони, претежно на југ, тој број е помалку од десет“, рече претседателот на Високиот институт за здравство Франко Локатели.

Во меѓувреме, бројот на смртни случаи кај лекарите се зголемува секој ден. Во последните 24 часа, вкупниот број жртви се зголеми на 103, а медицинските сестри на 28.

Сто мртви колеги. Тоа е рана за сите лекари. Никогаш не сме помислиле дека ќе оди толку далеку. Овие бројки мора да нè натераат да размислуваме за тоа како треба да бидеме заштитени. Семејните лекари најлошо поминаа. Тие се оставени сами на себе, ако се разболеле, тоа се случило затоа што тие се заразиле додека ги посетувале пациентите “, предупреди претседателот на Националната федерација на лекари и стоматолози, Филип Анели.

Според него, овој вирус го фатил системот неподготвен и покажал дека е неопходно да се обезбеди подобра заштита на лекарите на работа, што, како што вели, е обврска на државата.

Списанието „Тајм“ ја посвети насловната страница на својот последен број на првите редови на хероите, медицинскиот персонал во борбата против Ковид 19.

Овие се приказни за храбри работници кои ги ризикуваат своите животи да го спасат нашиот. А, меѓу нив е и италијанец, Франческо Менкизе, анаестезиолог од Равена.

Тој има 42 години и работи во ИЦГ во Санта Марија делхи Крочи.

„Помошта во единиците за интензивна нега, во времето на Ковид-19, особено инкубацијата на пациентот, се моментите кога сте најмногу изложени на инфекција. Ние сме навикнати да работиме под притисок, но никогаш не беше како што е сега. Сите се плашиме да не се заразиме“, вели еден од хероите во бел мантил, Франческо Менкизи.