Република Северна Македонија, како и целиот свет, денеска слави една уникатната традиција, верување и култура – културата на Ромите, како значајна вредност во светското и на македонското културно наследство, рече премиерот Оливер Спасовски во обраќањето по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Како што кажа Спасовски одбележувањето на овој празник е дел од изградба на концептот „Едно општество за сите“, по углед на големата европска идеја за обединување во различностите.

„Различностите во нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство“, посочи премиерот.

Спасовски нагласи и дека годинава Меѓународниот ден на Ромите го прославуваме во вонредна состојба и без јавни настани заради мерките преземени против заканата од коронавирусот.

„И во овие услови, кога зборуваме за ‘Едно општество за сите’, зборуваме за наше заедничко учество и почитување на мерките и препораките кои ни помагаат да ја совладаме опасноста и да го запреме ширењето на вирусот“, рече премиерот.

Тој вели и дека како никогаш до сега, токму сега е време да се сплотиме и обединиме за да покажеме дека умееме да бидеме модел за успешно и функционално општество и во вонредна состоја.

 

извор: Makfax