СПАСОВСКИ ОДГОВОРИ НА 30 ПРАШАЊА: Ужива во времето со неговите ќерки, а омилена реплика „I’ll be back“ (ВИДЕО)
Спасовски одговори дека најмногу ужива во времето поминато со неговите ќерки, дека омилен спортист му е Кире Лазаров, како и омилен човек од опозицијата Митко Јанчев.
По примерот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и вицепремиерот и иден премиер на техничката влада Оливер Спасовски одговори на 30 различни прашања.
Така, Спасовски одговори дека најмногу ужива во времето поминато со неговите ќерки, дека омилен спортист му е Кире Лазаров, како и омилен човек од опозицијата Митко Јанчев.
Тој исто така вели дека најлоша навика му е што е избувлив, а најдобрата му е истрајност. За крајот Спасовски се одјави со неговата омилена реплика од филм: „I’ll be back“.