Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дернеска до Државната комисија за спречување корупција денеска барање да се испита комплетно целиот случај во врска со негова наводна инволвираност во инвестиција на компанија во Куманово за што го обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои тој веќе ги демантираше, а со цел, како што рече, да се утврдат фактите.

Според него, целта на изнесените во последниот период низа дезинформации, лаги и невистини од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, е да се дискредитира неговата личност за наводно учество во отворање на некаков бизнис во Куманово, нова инвестиција во компанијата Пинк петрол.

-Јас одговорно сакам да кажам дека се тоа апсолутно лаги и дезинформации, кои ги демантирав уште првиот ден. Ниту јас, ниту член на моето семејство нема удел во таа или во која било друга компанија ниту во државата, ниту надвор од државата, ниту денеска, ниту во минатото, апсолутно во ниту еден момент. И додека ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што ја уништуваше Македонија 11 години повикува да се поведе постапка пред Антикорупциска комисија, јас не повикувам, еве дојдов денеска сам и доставив допис со барање да се испита комплетно целиот овој случај на инволивраност, мојата состојба, потекло на имотот на мене, на моето семејство и да се утврдат аргументите и фактите заради тоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и на еден ваков начин да се врши дискредитација на одредена личност, кажа Спасовски.

Смета дека ова не може да биде стандард ниту во државата, ниту во политиката, и оти со неговиот чин сака да биде поттик за секој еден да излезе и да ја бара правдата, да можеме, вели, сите заедно да придонесеме кон функционирање на правдата. Изрази очекување дека Комисијата за антикорупцијата ќе го расчисти целиот случај.

На новинарско прашање појасни дека лицето со кое се поврзувал во овој случај, а е син на сопственикот на компанијата, е вработено во МВР, но не е негов советник и не работи во неговиот кабинет.

„Како министер за внатрешни работи, но пред се како граѓанин на оваа држава, секогаш сум се залагал и ќе се залагам за целосно почитување на законите и нивна неселективна примена. Изминатиов период политичката партија ВМРО-ДПМНЕ направи безуспешни обиди да ме дискредитира и во јавноста изнесе целосни лаги и невистини за мој наводен сопственички удел во новата инвестиција на компанијата ПИН Петрол во Куманово. Поднесов барање Антикорупциската комисија да направи проверка на мојата имотна состојба, имотната состојба на моето семејство и да ги превземете сите неопходни активности во насока на проверка на наводите за постоење на судир на интереси. Да се утврдат фактите. Не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста. Тоа не може да биде стандард ниту во државата ниту во политиката“, рече Спасовски.