Тој посочи дека со овие проекти се опфатени скоро сите општини во државата.

-Од проектот за изградба на 35 спортски сали, 34 веќе се изградени. Одлична динамика имаме и за проектите за изградба на 120 тениски терени каде досега 74 се изградени, 15 се во фаза на реализација. Од проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта 56 се завршени и ставени во функција, а 22 се во фаза на градба и очекувам годинава да бидат ставени во функција, рече Спасески.