Либиската крајбрежна стража соопшти дека во близина на брегот на земјата пресретнала две дрвени бротчиња со 200 мигранти, меѓу кои имало седум жени и три деца.

Либиската морнарица изјавила дека спасените мигранти биле во две дрвени бротчиња и дека претежно биле од африкански и арапски земји.

На мигрантите им била укажана помош и биле пренесени во притворен центар  во главниот град Триполи, пренесува АП.

извор: Makfax