Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар планина кои заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов врв, по што планирале да стигнат во Стрезимир.

МВР соопшти дека на едниот од браќата му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош.

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово, поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, а околу 1 часот тие биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови.

извор: Makfax