x

Спалети е новиот бр. 1 кандидат за нов менаџер на Њукасл

Лучијано Спалети е најновиот кандидат за менаџерското место во Њукасл. Екс-тренерот на Интер се споменува како најсериозен кандидат за тренерското местото на „Ст. Џејмс Парк“, а со себе во Англија може да го поведе и Раџа Наинголан.

Њукасл во пресрет на преземањето на клубот од конзорциумот од Саудиска Арабија, се подготвени да инвестираат многу средства во новиот клуб. Како кандидати за нов менаџер се споменуваат и Макс Алегри и Маурисио Покетино, но по се изгледа Спалети веќе имал повик од новите сопственици.

Поранешниот шеф на Рома и Интер веќе има искуство во странство затоа што веќе беше тренер во руски Зенит.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата