Словенечката ИТ компанија ДатаЛаб вчера го промовираше своето софтверско решение ПантхеонТМ 5.5, со кое малите и средни претпријатија ќе заштедат пари и ќе им се олесни деловното работење. Менаџерите на ДатаЛаб велат дека новиот софтвер ќе им помогне на македонските компании да бидат поконкурентни на пазарот и да им се зголеми добивката. Овој софтвер веќе го инсталирале 55 компании во земјава.

– Нашиот производ е особено интересен за малите и средни претпријатија затоа што со него добиваат поголема вредност за помалку пари во однос на сличните решенија од големите светски софтверски компании – рече Андреј Мертељ, извршниот директор на компанијата ДатаЛаб.

Цената на PantheonTM 5.5 е прилагодена на платежната моќ на корисниците во земјава и лиценците се продаваат по цена од 649 евра(SЕ), 849 евра(МЕ) И 1.249 евра(МF) .

Предноста на PantheonTM 5.5 е во тоа што ќе им заштеди пари на корисниците затоа што лесно може да се инсталира и користи без дополнителни програмирања.

Македонските компании имаат голем потенцијал за развој, доколку ја зголемат својата конкурентност на домашниот, но и на пазарите во регионот и пошироко, сметаат менаџерите на ДатаЛаб.

– Македонија располага со исклучително способен информатички кадар со чија помош планираме уште подинамично да продолжиме со развојот на нашите програмски решенија – вели Мартељ.

Од компанијата велат дека немат проблем со пиратеријата благодарение на добриот програмерски тим.

Овој софтвер веќе го користат над 11.000 луѓе во над 3900 компании од најразлична дејност и големина во скоро сите земји од регионот, а го применуваат и голем број организации од јавниот сектор, како што се државни и општински органи, училишта и универзитети.

(Р.Ј.Н)