Првата ѕвезда на НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, во новата сезона ќе биде најплатен играч во најсилната кошаркарска лига. На Коби му се загарантирани 25 милиони долари што е резултат на претходен договор имајќи предвид дека последните две сезони тој постојано е повреден, а и неодамна наполни 37 години.

Зад него е кошаркарот на Бруклин Нетс, Џо Џонсон со 24,9 мил. долари, а дури на третото место е најдобриот кошаркар на денешнината Леброн Џејмс со 22,9 милиони.

Меѓу најплатените десетмина кошаркари се Кармело Ентони, Двајт Хауард, Крис Бош, Крис Пол, Кевин Дурант, Дерик Роуз и Двејн Вејд. Меѓу нив го нема Амаре Стодемаер, кој лани беше втор најплатен играч во НБА лигата, по Коби Брајант со 23,4 милиони долари. Но, тогаш, тој беше член на Њујорк Никс, а летово се пресели во Мајами Хит.