Во текот на месецов ќе стартува реализација на проектот за реформи во управувањето на здравствениот сектор, со кој се овозможува континуитет во транзицијата чија прва фаза, поддржана со кредитна линија под ИДА услови, заврши во 2002 година. Проектот се реализира со заем од 10 милиони американски долари од Меѓународната банка за обнова и развој, а во комплетирањето на буџетот со 1,3 милиони долари средства партиципира и македонската Влада. Активностите ќе се одвиваат низ четири проектни компоненти, а сите активности според зацртаната динамика, треба да се имплементираат до јуни 2009 година. Концепциски гледано, со овој проект треба не само да продолжат, туку и да се надополнат веќе започ натите реформи кои не се одвиваа онака како што беше зацртано. Основните негови цели, се надградување на капацитетите на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување за ”формулирање и ефективна имплементација на политиките на здравствена за- штита, здравственото осигурување, финанскиот менаџмен и договарањето со давателите на услугите. Особено внимание ќе биде посветено на развивање на ефикасна шема на болничката здравствена заштита, со посебен акцент во развивањето на услугите на дневна нега и примарна здравствена заштита”. Проектот се состои од четири компоненти, а ме- ѓу нив е и ”зголемувањето на капацитетите за ефективно информирање на јавноста за планираните активности и нивните цели”. Слични активности се зацртани и за поддр- шка на Фондот пред с&”238;, за поефикасно собирањето на придонесите, управување и во делот на набавките. Проектот треба да обезбеди и подобрување на квалитетот и ефиканоста на вршителите на здравствената за- штита со поддржување на активностите за развој на вештини кај персоналот и воведување на нови методи.