Жителите на Дебарца излегоа на протест против изградбата на регионална депонија во нивната општина.

Тие испратија пораки до премиерот Зоран Заев и до локалната власт дека Дебарца ја наследиле чиста и чиста ќе ја остават.

„Премиере, не играјте си со нашето трпение”.

Жителите на Дебарца излегоа на протест против изградбата на регионална депонија во нивната општина и под мотото „Дебарца чиста” порачаа дека Дебрца ја наследиле чиста и чиста ќе остават.

Еколошкиот бунт на жителите на Дебарца започна точно напладне во селото Ботун, а најавија и запирање на сообраќајот на патот Охрид-Скопје во близина на Ново Село.

Граѓаните носеа пароли со кои го предупредуваа премиерот Зоран Заев да си го одржи ветувањето дека ќе се дислоцира депонијата и да не си игра со нивното трпение.

Жителите бараат да се поништи одлуката за изградба на регионална депонија во село Годивје

„Депонија во Дебарца нема да има, нашето здравје не е ваша ниту европска грижа”.

Граѓаните му порачуваат на Заев дека треба нив да им го даде она што им го вети, а не на неговите коалициони партнери.

„Институциите на системот се наш сервис, или ќе не послушате или ќе ве нема”- му порачаа граѓаните на Заев.

Денеска од 10:00 – 15:00 часот поради јавен собир на магистралниот пат Кичево – Охрид кај месноста викана Ботун сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, а од 12:00 – 14:00 часот ќе има незименично пропуштање на возила.

Граѓаните на општина Дебарца кои на референдум се изјаснија дека се против одлуката да се гради регионална депонија во атарот на селото Годивје ја имаат подршката и од градоначалникот Ногачески.