На 13.11.2020 во 09,45 часот на магистралниот пат А-4 Струмица- Ново Село на делница од с.Босилово до с.Турново се случила сообраќајна незгода во која учествувале „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(34) од с.Иловиа, и паркиран автомобил „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на З.С.(45) од с.Костурино во кое сопатник бил Р.С.(55) од с.Костурино, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.С. констатирани од доктор во Јавна здравствена установа Струмица.

Сите учесници во незгодата се пренесени во Јавна здравствена установа Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.