x

Со фотографија од кревет, Џорџина му ја честиташе новата титула на Роналдо (ФОТО)

georgina-1

Во вечерта за прослава на освоеното Скудето, стигнаа илјадници честитки до фудбалерите на Јувентус. Меѓу нив, се појави и онаа на Инстаграм на поубавата половина на Кристијано Роналдо, првата ѕвезда на италијанскиот хегемон.

Прекрасната Џорџина објави фотографија од креветот каде е заеднос о нивните деца и испрати фантастична порака:

„Заедништвотo ја чини силата и денеска сме шампиони. Не знам кои зборови треба да ги измислам да за ја опишам посветеноста и она што го претставуваш и работиш. Ти си инспирација за сите нас и најдобар си во универзумот. Славиме со пижама-парти“, порача меѓудругото Џорџина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата