x

Со сезонски билет за РК Вардар слободен влез на фудбалскиот меч Вардар – Шкендија

Фудбалскиот клуб Вардар информира дека сите љубители на фудбалот, кои поседуваат влезни сезонски билети за РК Вардар, може да присуствуваат на натпреварот Вардар – Шкендија, кој се игра в недела (13 часот) на арената „Тодор Проески“, без никаков надоместок.

Во слободна продажба билетот чини 100 денари и ќе се продава на билетарницата на Арената пред натпреварот. При секое купување на билет, ќе мора да биде покажен документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Важи правилото една лична карта – еден билет.

Со оглед дека натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, нема да биде дозволен влез за гостински симпатизери.

Воедно, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање од трибините, без извици на национализам и расизам. Да ја прославиме одличната есен онака како што наликува на најтрофеен клуб во нашата земја. Апелираме и оние кои ќе бидат на стадионот, да не носат тврди предмети, затоа што на влезот ќе им бидат одземени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата