Истакнувањето на македонското знаме, сонцето од Кутлеш, беше причина за големи нереди на трибините на натпреварот во Гелзенкирхен меѓу бундеслигашот Шалке и грчкиот ПАОК. Гестот на навивачите на домашниот тим не им се допаднал на грчките делегати кои побарале да се тргне знамето, па полицијата морала да интервенира, што во 75. минута предизвика вистинска војна на трибините. Најверните фанови на Шалке, навивачка група УГР, застанаа во одбрана на знамето, објавија неколку германски медиуми. Како резултат на тоа околу 50 навивачи биле хоспитализирани, а над 500 биле полесно повредени.

Одредот на специјалната полиција со решителна акција во второто полувреме ја испразни северната трибина на Фелтинс арена, на која според обичајот се наоѓаат најверните навивачи на германскиот клуб.

Полицијата ја презеде акцијата поради “првокацискиот чин”, како што објавија од локалната полиција:
“Во второто полувреме навивачите на Шалке развиорија големо македонско знаме, попрецизно прилагоденото македонско знаме на Комитите, сонцето од Кутлеш, навивачите на скопски Вардар, со кои се во пријателски односи.

Навивачите на ПАОК тоа го сфатија како провокации, и полицијата во нивното однесува препозна намера за судир со домашните ултраши”.