x

Со ова темпо Ливерпул најрано ќе стане шампион на Англија

Ливерпул гази ли гази и ќе биде чудо ако оваа сезона не ја освои шампионската титула во Англија која ја чека речиси три децении. Со головите на Мо Салах и Садио Мане „црвените“ го победија Шефилд Јунајтед со 2:0 и со скор од 19 победи и едно реми го држат првото место на табелата со 13 бодови повеќе од вториот Лестер.

Ако продолжи со ова темпо тогаш Ливерпул може да ја запечати титулата уште во март (викендот на 14 или 15 март) на мерсисајд дербито со Евертон во гости, на „Гудисон парк“, за инает на соседот.

А тоа би означило и најрано освоена шампионска титула. Рекордот засега го држи Манчестер Јунајтед кој со победата над Ковентри и истовремено поразот на Арсенал од Мидлсбро ја освои шампионската круна во Англија на 14 април 2001 или на пет кола до крајот на првенството.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата