x

Со новиот договор, Тер Штеген ќе стане најплатен голман во светот

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да го продолжи договорот со Барселона, кој му е со важност до 2022 година. Со тоа Германецот би станал најплатениот голман во Светот. Иако сега не се блиску до продолжување на сорабтката, сепак, Тер Штеген е еден од клучните играчи на Барселона во изминатите години, и веќе ги поставил своите барања за нова соработка.

И Барселона сака да го продолжи договорот, но не им се допаѓа тоа што голманот побарал тоа да биде во екот на пандемијата со коронавирусот. Да се продолжи договорот воопшто нема да биде лесна задача, со оглед дека вредноста на фудбалерите почнува да паѓа после оваа пандемија.

Тер Штеген во моментов има вредност од 70 милиони евра, исто како и Алисон од Ливерпул. Поскап од овие двајца е само Јан Облак од Атлетико, чија вредност се проценува на 80 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата