Последниве неколку месеци се погласни се шпекулациите за развод на Северина и Игор Којиќ, но и покрај тоа парот успева да одолее и да ги демантира таквите вести. Многумина беа шокирани кога се дозна дека Северина влезе во врска со петнаесет години помладиот Игор Којиќ, со кој се омажи во ноември 2015 година.

Она што ги интересира сите беше како запозна хрватската музичка ѕвезда да се гледа со синот на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, а сега конечно е откриено дека нив ги запознал познатиот поп-менаџер Едвин Софтиќ, еден од најблиските пријатели на Северина.

Софтиќ, кој инаку е близок со многу српски и хрватски поп-ѕвезди, го одвел Којиќ на концертот на Северина и ги запознал во бекстејџот.

Првите симпатии веднаш се појавиле, па пејачката и голманот започнале интензивно да се гледаат, а подоцна да стапат и во брак.

– Игор беше мој пријател, а јас долго време сум пријател на семејството на Северина. Драго ми е што нивната врска заврши во брак“ рече Софтиќ во тоа време