x

СО МАКСИМАЛЕН ЕФЕКТ: Кошаркарите на Ангели „летаат“, падна и Борец Баскет

angeli-1

Екипата на Ангели има импресивен старт во Втората лига сезонава. Тимот од Кисела Вода запиша пет победи во исто толку одиграни мечеви, а дека игрите не се случајни, кошаркарите потврдија на дербито против Борец Баскет.

Пресметката во салата  „Независна Македонија“ беше дерби на петото коло, го одлучуваше лидерот на Истокот. Ангели не само што излегоа како победници, туку славеа убедливо, со 83-56. По овој меч јасно е дека овој клуб сигурно чекори кон елитата.

Максим Митревски со 23 поени беше прв стрелец, зад него беа Милорад Миновски со 14 поени, три помалку имаше Миле Станимировиќ, додека пак двоцифрена бројка запиша и Лука Стојановски (10 поени).

Со новите бодови, Ангели сега е единственит тим на Истокот со максимален ефект, претходно кошаркарите на овој клуб го добија и дербито против Феникс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата