Пациентите со Ковид-19 кои земале „ремдесивир“ закрепнале 30 проценти побрзо од оние на плацебо, покажува американско клиничко испитување.Ова е првпат клиничкото испитување спроведено во согласност со златните правила на клиничките испитувања – тестирање на лекови со контролна група и на доволно голем примерок – да ја покаже ефикасноста на лекот против Ковид-19.

Американскиот национален институт за алергија и заразни болести (НИАИД), кој ја водеше студијата, извести дека пациентите кои земале лек закрепнале 31 проценти побрзо.

Употребата на контролна група на испитаници во студија за ефикасност на лекови е веродостоен начин за проверка на вистинските ефекти на лекот, бидејќи оние во контролната група не добиваат лек, туку неутрален препарат, што овозможува нивното здравје да се спореди со групата што прима тест на лекот за да се утврди дали има ефект од лековите.

„Просечното време на опоравување кај пациенти третирани со ‘ремдесивир’ беше 11 дена споредено со 15 дена за оние во контролната група“, јавува НИАИД.

Истражувањето започна на 21 февруари и опфати 1.063 луѓе на 68 локации во САД, Европа и Азија.За време на студијата, никој од пациентите или лекарите не знаел кој прима ‘ремедесивир’за да се елиминира каква било пристрасност.

извор: Makfax