Претседателот на САД,Доналд Трамп  кој е позитивен на ковид 19 се лекува со експериментален лек, коктел со антитела, кој засега е во фаза на клинички се испитува.

Сепак, советникот во Белата куќа Ентони Фаучи е меѓу оние кои изјавија дека лекувањето со овој третман покажало ветувачки резултати.

Докторот на американскиот претседател изјавил дека Трамп добил 8 грама, интравенска доза на експериментален лек наречен „REGN-COV2“.

Тоа е експериментален лек кој допрва ќе го помине процесот на рецензија, меѓутоа, Регенерон објави ран успех во испитувања врз луѓе.

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) сè уште не го одобрила лекот за масовна употреба, но ја одобрила неговата итна употреба пред да заврши официјалниот преглед.

Лекот е еден од неколкуте експериментални лекови КОВИД-19 познати како моноклонални антитела, кои се синтетички копии на човечки антитела формирани од пациенти во раните фази на болеста.

Лекот на Регенерон содржи антитела направена од компанијата, како и антитела од пациенти кои се опоравиле од КОВИД-19. Двете антитела се врзуваат за шилешкиот протеин на коронавирусот, ограничувајќи ја способноста на вирусот да избега.