Една од најголемите љубови, може да се роди помеѓу припадниците на овие два знака.

Овен и Водолија се два спротивни знаци, кои се привлекуваат на сите животни полиња. Веќе при првата средба, овие два знака, почнуваат да пуштаат искри.

Овие два хороскопски знаци сакаат долги разговори, се впуштаат во авантури и сакаат да бидат дел од големо друштво, а кога се заедно, луда забава им е загарантирана.

Припадниците на двата знака сакаат да се независни, што е добро, бидејќи нивната врска нема да биде загушена од посесивност.

Атрактивната Водолија му привлекува внимание на доминантниот Овен, а Водолиите паѓаат на големата самодоверба која ја поседува Овенот.

Иако ваквата врска е последица на фатална привлечност, и тоа како може да дојде до силни конфликти. Најголемиот проблем настанува кога кај двата знака ќе преовлада тврдоглавоста, но кога ќе се смират страстите, сѐ се враќа во нормала.