x

Со Естонија без Пандев, Димитриевски, Алиоски и Адеми, засега без дополнителни повици!

genova-pandev

Веќе во недела нашата најдобра репрезентација ја чека нов дуел, и тоа во Лигата на Нации против Естонија. За овој меч селекторот Игор Ангеловски не ќе може да смета на Горан Пандев, Столе Димитриевски, Езџијан Алиоски и Аријан Адеми. Капитенот е ослободен од обврските на барање на неговиот клуб Џенова со оглед на корона кризата. Тој мора што побргу да се врати во Италија, а Ангеловски нема да прави никакви проблеми, притоа и му заблагодарува на претседателот на клубот Прециози за се она што го направил тој нашиот најдобар фудбалер да игра за Македонија на мечевите со Косово и Грузија.

Столе Димитриевски е под суспензија, нема право на настап со Естонија, но и тој ќе биде ослободен да си оди во Шпанија. Езџијан Алиоски нема да игра поради картони, но затоа ќе биде во тимот против Ерменија.

И јасно е дека Аријан Адеми е повреден, па затоа тој нема да биде во комбинација за дуелите со Естонија и Ерменија.

Засега Ангеловски нема да повикува нови играчи, барем не до попладнево.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата