Швајцарската полиција денеска соопшти дека осум мажи успеале да се извлечат од пештера во швајцарските Алпи каде претходно пет дена биле заробени поради поплави.

Таа група меѓу кои бил и водич, влегла во пештерата во една долина во централните делови на Швајцарија, а експедицијата требало да трае два дена.

Мажите кои се на возрат меѓу 25 и 55 години, меѓутоа не успеале следниот ден да ја напуштат пештерата поради надојдената вода.

Тие чекале водата да се повлече.

Организаторите на експедицијата очекувале дека ќе паѓал снег, но паднал дожд и набрзо пораснало нивото на вода во пештерата.