Со ,,Вечер” до убава гардероба
Почнавме со малечко детенце, завршивме со убава девојка. Ако прв имаше среќа малечкиот Богдан Постолов, кругот од седумдесет добитници го заврши скопјанката Елена Мартиновиќ. Таа живее во скопската населба Козле и деновиве, како секој млад човек, е понесена од новогодишната еуфорија. За најлудата ноќ во годината ќе оди на приватна забава со своите пријатели и, веруваме, убаво ќе си помине. Новата гардероба што ќе ја купи со 8 000 денари, што вчера ги подигна во нашата Редакција, ќе и помогне да биде најубава и највпечатлива. Остатокот од парите Елена ќе ги искористи за празниците што доаѓаат во Новата година. А ние веруваме дека ќе најде добар начин да се заблагодари на оние кои се најзаслужни што си доби награда. А, најзаслужна за нејзнината среќа е мајка и Станче. Иако најчесто весник купува тато Марјан, мама редовно ги собира купоните, го составува името на семејниот дневен весник, го впишува името на својата ќерка, која имаше сре- ќа да си добие пакетче за Нова година. Елена вели дека дома мама и тато редовно го купуваат нашиот весник и со задоволство го читаат. Елена не е многу по весниците, но вели редовно ги разгледува содржините на весникот, особено забавните страници. На семејството Мартиновиќ им посакуваме с&”161; најубаво во Новата година, а за младата и убава Елена имаме милион убави желби. Едноставно: Елена биди среќна!