Според полицијата, грабежот бил добро организиран бидејќи претходно извршителите со автомобили ја блокирале улицата што води кон банката, поради што полицијата не можела да стаса до нив. Полицијата верува дека во грабежот биле вклучени осум лица, кои претходно украле градежна опрема.
Во полициската акција бил пронајден само потпален автомобилот со кој бил пренесен сефот тежок 500 килограми.
Пред четири месеци непознати лица како заложник во неговата куќа го држеа директорот на банкарска експозитура, од кого бараа да им ги предаде клучевите од банката.