Бранко Ѓуриќ Ѓура, познат глумец, ѕвезда од регионот, од скоро и писател прозборел без влакна на јазик за различни теми, а делот за дружењето со Анџелина Џоли и Бред Пит е секако нај интересен.

Имено, Ѓуро, имал можност да пие пијалок со бившите сопружници.

“Незнам, јас не размислувам така за луѓето. Мене не ме инпресионира таа некоја нус појава од нашата работа дека си славен помалку или повеќе. Што си повеќе славен, некои работи ти одат полесно а некои потешко. Во суштина, не сака човек да го има тоа, човекот сака да има мир. Не едноставно да се биде толку познат, да неможеш никаде … Не знам, одевме на пиво (Бред Пит и јас) во Будимпешта, тој дојде со мотор и имаше кацига на глава, со темни наочари . Седеше со кацига. Јас му велам: сигурно нема да седеш цело време со кацига?, а тој мене ми вели: “Ти не сакаш јас да ја симнам кацигата”. Потоа го симна оној визар, го испи пивото, па повторно ја врати назад. Така да не е баш едноставно. Но, мислам сите тие луѓе со своите проблеми се слични на нашите, само што имаат неколку нули повеќе на својот проблем.

Со кого си останал во добри односи – со Анџелина и Бред?

– Со ниеден од нив, право да ти кажам. Книгата ја пишував пред пет години додека бевме како би се рекло, повеќе во контакт… Сега, откако имаат проблеми и не се дружиме нешто многу.