Кој ви рече дека некој бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците околу патувањата во Хаг каде што бевме предадени и обвинети.

Каде побаравте одговор?

Одговорот требаше да го побарате кај мене, Соња Тарчуловска.

Еве јас ќе ви кажам.

Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5000 евра.

Душегрижници прочитајте добро.

Еве Ви ја пресметката :

Јас Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан.

– Авионскиот билет чинеше 800 евра x 3=2400

– Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер за тројца по 7 дена, 1050 евра.

– Транспортот од хотелот до затворот во два правци чинеше 40 евра, значи 280 евра.

– Секој месец по 1000 евра префрлавме на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички,

– Тоа се вкупно 4730 евра.

Со останатиот дел од 270 евра преживувавме месечно во Скопје.

Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да се правдам, но бидејки јас и моето семејство бевме повикани да не оцрните, наводно сме се богателе од државна сметка, не можете да не оцрните.

Знаете ли зошто?

Затоа што нас не можеше да не скрши и оцрни и затворот.

Нас не не раздели и душманот.

Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца, затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секој ден.

Со ни една изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална.

А да не заборавам да одговорам на сите оние кои беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ке ви кажам: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА.

Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние.

Ова е мое прво обраќање после 5 години.

Верувајте ниту една дечја солза невреди за никакви пари.

Ниту една изгубена младост не вреди за никакви пари.

Ниту една празнина и страв не се надополнува со пари.

За крај ние не предадовме никого, нас не предадоа.