Претседателот на Собранието Талат Џафери упати телеграма со сочувство по повод смртта на Љубисав Иванов – Ѕинго, повеќегодишен пратеник и претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

– Би сакал, од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа загуба. Почитуваниот Иванов беше пратеник во речиси сите пратенички состави од осамостојувањето на Републиката, неговиот придонес во градењето на државата, неговата активност како бизнисмен и човек кој дал безрезервна поддршка на спортот во нашата држава, ќе останат запаметени. Изразувам длабоко сочувство до семејството на нашиот поранешен колега, убеден сум дека нивната тага во овој момент е преголема, меѓутоа, споменот за него вечно ќе го чуваат во срцата, се наведува сочуството што Џафери го упати до семејството на Иванов.