Одлични забави, сочни бакнежи и нови љубовни романси ја означија завчерашната џет-сет вечер во Скопје. А, се започна со отворањето на новиот ресторан “Балканика” во сопственост на мајсторите на живата свирка Дуле и Коки. Познатите личности, во новоотворениот ресторан почнаа да доаѓаат некаде околу 22 часот, а како што изминуваш е времето “Балканика” се повеќе потсетуваше на кошница. Драган Вучиќ, Тони Михајловски, Тамара, Ненад, манекенката Даниела и многу прекрасни девојки и бизнисмени беа дел од гостите, кои ги забележавме на забавата по повод отворањето на ресторанот. На стоте квадратни метри во “Балканика”, која одлично е адаптирана и реновирана забавата со гратис пијалак и храна траеше до раните утрински часови. Оставајќи ги гостите и сопствениците на “Балканика” во одлично расположение некаде околу полноќ ние моравме да заминеме во “базата” на Раде Врчаковски-Врчак. Веднаш штом ја отворивме влезната врата од неговото кафуле Басе се вклопивме во одличната атмосфера, а Р&б ритмот и ротирачките ласери, не натераа за момент да помислиме дека се наоѓаме на некоја џет-сет забава на Ибица. Но, во еден момент на влезната врата се појави Пеџа, менаџерот на “Тренд” со две русокоси девојки и не врати во реалноста. Кога светлосниот сноп ги осветли русокосите ги препознавме двете манекенки, кои деновиве беа вистинска атракција на “Пежо модната недела”. Македонскиот Казанова – Пеџа не губеше време. Веднаш се пушти во акција и заврши речиси полугол на подиумот. На сепарето веднаш до Тамара во љубовен транс. Страсно се бакнува со своето ново момче пејачот Димитар, незабележ увајќи го блицот на нашиот фотоапарат. Остатокот од вечерта гулапчињата не се одвојуваа еден друг, а заљубени гулапчиња таа вечер имаше многу: Адријан Гаџа и Сања, Ненад и Билјана, Роберт и Бојана, Маја и Врчак.


(А.Н.) Фото:Д.Андоновски